Познатиот гитарист Џорџ Тикнер, еден од основачите на рок-групата „Џурни“(„Journey“), почина на 76-годишна возраст.
Тажната вест ја потврди неговиот колега Нил Шон, преку објава на Фејсбук.
„Имам многу тажна вест. Почина Џорџ Тикнер, оригиналниот гитарист на „Journey“ и текстописец на првите три албуми.
Имаше 76 години. Џорџ… ти благодарам за музиката. Ќе одадеме почит на оваа страница некое време.
Сочувство до неговото семејство и пријателите, како и до сите минати и сегашни членови на бендот. Толку потресно… “, напишал Шон.
Да потсетиме, рок групата „Journey“ своевремено беше многу популарна, а најголемите хитови им се „Don’t stop Believin“ и „Any way you want it“.
Групата е основана во Сан Франциско во 1973 година, а Тикнер беше главен соработник на бендот и првиот гитарист.