Ужасна вест: Млада девојка силувана од 54-годишен маж

19-годишна девојка од гостиварско село пријавила дека била силувана од 54-годишник со кого била претходно во врска.

Мажот бил лишен од слобода.

– Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 54-годишниот Ф.Т. од Неготино-Полошко,

кој претходно бил пријавен од 19-годишна жителка на гостиварско село, со која претходно биле во љубовна врска, дека во стан во Гостивар ѝ извршил обљуба.

Нешто подоцна, при претрес во неговиот дом реализиран со судска наредба биле пронајдени остатоци од бела прашкаста материја, информираат од МВР.

Тој е задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот по што ќе следува поднесок.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде