(ВИДЕО) Силниот ветер носеше се пред себе: Најмалку две лица загинаа во страшното невреме кое вчера ја погоди Холандија

Најмалку две лица ги загубија животите во досега најсилното летно невреме Поли, со ветрови од над 150 километри на час.

Издадено е и највисоко предупредување за невреме со „црвен код“ за цела Холандија.

Милиони луѓе низ Холандија се предупредени да останат дома. Најмалку две лица загинаа, а повеќе луѓе се повредени во налетот на бурата Поли.

Националниот институт за метеорологија го издаде највисокото предупредување за бура со „црвен код“ до жителите на цела Холандија.

Вчера стотици летови беа откажани од аеродромот Шипхол, еден од најпрометните европски центри.

Аеродромот предупреди дека комбинацијата од силни ветрови, дожд и слаба видливост значи дека има „многу ограничен воздушен сообраќај“ за влезните и излезните летови.

Во исто време откажани се возовите на Еуростар од Амстердам до Лондон и кон германските градови Келн и Хамбург.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде