Во група на Фејсбук со над 200.000 членови, се појави објава која насмеа многу луѓе.
Имено, Александар од Куршумлија во Грција однел ни помалку ни повеќе туку цело печено јагне, а фотографиите ги објавил во групата „Грчка инфо“.
Членовите на оваа група не можеа да одолеат да ја коментираат оваа симпатична ситуација.
„Секоја чест, јас носев три килограми печено, чварки и колбаси, но не го носев целото јагне“; „Признавам дека ми дадовте домашна задача, ќе ве контактирам кога ќе ја решам“; „Само вие сликајте, кога ќе ги видат грчките цариници ќе го изедат сами“, гласат дел од хумористичните коментари кои од минута во минута се зголемуваат.
Некои се пошегуваа дека сега, покрај традиционални туристи, сега имаме и – јагнешки туристи.
Авторот на објавата и самиот „сопственик на печењето“ ја коментираат ситуацијата за Телеграф.рс.
„Го испековме во Куршумлија и го завиткавме во фолија, го ставивме во багажникот и се упативме кон Пефкохори.
Седум дена ручавме секој ден“, вели Александар Милетиќ од Куршумлија, чија објава предизвика лавина коментари на Фејсбук.
Освен печење, одморот на Александар не може да биде целосен без домашна ракија.
Извор: Телеграф.рс
