Информациите од полицијата говорат дека таткото на исчезнатиот Самоил Костадинов, Љупчо Костадинов бил ранет пред неговиот дом.
-Денеска во 08.38 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрајчето на Аеродром едно лице пукало и го повредил Љ.К. (57)
пред неговиот дом повредениот бил пренесен во комплекс на клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.
Полициски службеници излегле на местото и превземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Костадиновски (26), кој е внук од сестра на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, исчезна на 4 март.
Тој последен пат бил виден во близина на Чешката амбасада на Водно, како влегува во автомобил, во кој имало уште неколку лица.
Веста за исчезнувањето на Самоил, кој е внук на поранешниот министер за внатрешни работи и актуелен лидер на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, односно тој е внук од брат на неговата сопруга Виолета, дополнително предизвика голема вознемиреност кај јавноста, откако се појавија шпекулации дека бил киндпиран или ликвидиран.
За случајот притвор добија двете лица кои се осомничени дека имале улога во грабнувањето на Самоил Костадиновски.
Истрагата за грабнувањето на Костадиновски ја води МВР во координација со скопското Обвинителство.
Во јавноста накусо подоцна се обрати и Љупчо Костадиновски неговиот татко кој тврди дека освен овие две лица, кои се уапсени за исчезнувањето на неговиот син, вмешана била поголема криминална група.
Како што раскажува, според негови сознанија, станувало збор за голема машинерија, за организирана група од околу 50 лица, кои продавале разна дрога по дискотеки во земјава.
