Светските медиуми објавија: Суровикин е мртов!

Моќниот руски генерал Сергеј Суровикин (56) ја пропушти прославата на роденденот на својата сопруга, што дополнително ги подгреа наводите дека е уапсен.

Суровикин исчезна пред две недели по вооружениот бунт на Евгениј Пригожин и шпекулациите дека знаел за плановите на шефот Вагнер.

Кремљ сè уште не кажува каде е Суровикин, додека некои западни медиуми одат дотаму што тврдат дека поранешниот командант на руските сили во Украина е мртов со недели. Отсуството на генералот на роденденската забава на неговата гламурозна сопруга Ана дополнително ги подгреа гласините дека тој е убиен.

Некои медиуми, да потсетиме, објавија неофицијални информации дека Суровикин бил уапсен и испрашуван недолго откако објавил кратко видео во кое ги повикува платениците да престанат со бунтот.

„Њујорк тајмс“, на пример, објави, повикувајќи се на неофицијални информации од разузнавачки кругови, дека Суровикин знаел за заговорот на Пригожин за соборување на највисоките руски воени функционери.

Суровикин може да се соочи со обвиненија за предавство и до 20 години затвор.

– Очигледно избра страна (Пригожин за време на бунтот), а сега го фатија за врат – изјави извор од Министерството за одбрана за порталот „Москва Тајмс“.

Друг извор близок до руското Министерство за одбрана го потврди апсењето, но рече дека деталите не се разговараат ниту внатрешно.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде