Денис П.(25) од Добро Поље бил пронајден со распарчени црева, а се сомнева дека го активирал бомба кога ги видел изрешетани родителите.
Денис П.(25) од селото Добро Поље кај Бољевац се разнел со бомба во семејниот дом, додека татко му Златко П.(55) ги убил сопругата Билјана и мајка си, а потоа си пукал во глава!
Како што пренесуваат српските медиуми, страшна семејна трагедија се случила во средата вечерта во селото Добро Поље во Бољевац, во семејната куќа на семејството Пауновиќ.
Полицијата и итната помош нашле страшна сцена – разнесен млад човек, изрешетани маж и жена.
Причината зошто го направиле ова никогаш нема да се знае, бидејќи нема очевидци. Форензичарите дадоа прелиминарни резултати дека Денис ја држел бомбата што го разнела во рацете.
Според друга верзија на настаните, синот прво се разнел со бомба, а кога сето тоа го видел таткото Златко, земал карабина и ја застрелал прво сопругата Билјана, а потоа се пукал во главата – вели извор близок до истрага и додава дека Денис и Билјана починале на лице место, додека лекарите се борат за животот на Златко:
- Преживеа иако половина од лицето му беше разнесено, се здоби со тешки повреди на главата. Тој е пренесен во КЦ Ниш, каде веднаш е опериран и лекарите се борат за неговиот живот – вели изворот.
