14-годишник е тешко повреден откако паднал со својот мотоцикл.
На 07.07.2023 во 01.30 часот на улица во с.Штука, струмичко, 14-годишник од с.Иловица, струмичко, управувајќи мотоцикл „џилера 125“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.
Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица, објавија од МВР.
Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.