Страотна сообраќајка, 14-годишно момче итно пренесено во болница

14-годишник е тешко повреден откако паднал со својот мотоцикл. 

На 07.07.2023 во 01.30 часот на улица во с.Штука, струмичко, 14-годишник од с.Иловица, струмичко, управувајќи мотоцикл „џилера 125“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица, објавија од МВР. 

Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде