Два земјотреси ја стресоа Грција

Два земјотреси со јачина од три степени според Рихтеровата скала се случија на грчкиот остров Скирос во Егејското Море.

Првиот е регистриран синоќа во 01:38, а следниот во 01:43 часот.

Првиот земјотрес е регистриран на 34 километри јужно од градот Скирос и на длабочина од 12,5 километри,

додека вториот на 33 километри, на истата длабочина.

Да потсетиме, земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди регионот на Тајван, соопшти Германскиот истражувачки центар за геонауки.

Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри.

Засега нема податоци за евентуални жртви или причинета материјална штета.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде