Камионите кои треба да го собираат ѓубрето во Скопје по два дена излегоа од претпријатието каде што беа блокирани од дел од вработените кои протестираат.
Полицијата вечерва ги потисна демонстрантите и направи пат да излезат камионите.
Претходно полицијата предупреди сите кои не се вработени или имаат добиено откзаи да го напуштат објектот и дека ќе приведува ако има отпор кога ќе прават пат за камионите.
Вработените кои протеситраат вечерва бараа отставка од диркеторката Косана Мазнева.
Дел од нив лежеа пред камионите за тие да не можат да го напуштат обејктот.