Попоски: Екстремно топол бран и се приближува на Македонија, температури над 43 степени

Конечно влегуваме во подолг период на стабилно, суво и на претежно сончево време, со слаб до умерен, а утре повремено засилен ветер од северен правец.

Меѓутоа како што и најавивме, најпогодени од очекуваниот екстремно топол Африкански бран следната седмица ќе бидеме токму ние, како и соседна Грција.

Кај нас и тоа особено од среда па натаму, температурите на многу места ќе надминуваат 35 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели локално температурата ќе се искачу дури до 43 степени.

Уште потопло ќе биде во соседна Грција, каде локално температурите ќе се искачат дури до рекордни 46-47 степени.

Ув индексот следната седмица ќе има екстремно висока вредност (коефициент помеѓу 9 и 10).

Апелираме граѓаните да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, и кога сонцето е најсилно, но и да пијат што повеќе течности. Исто така и времето ќе биде спарно и мачно.

Екстремно топлиот Африкански бран кој ќе не зафати, кај нас ќе се задржи најмалку една недела (седум денови, можно е и повеќе).

Во Скопје и околината за време на овој голем топол Африкански бран температурата ќе се искачи до 40, 41 степени.

НАПОМЕНА: Очекуваните температури погоре наведени ќе се мерат под сенка, додека на сонце тие ќе бидат многу повисоки (локално над 50 степени).

Извор: Метео аларм/ Славчо Попоски

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде