„Таа беше дете кое на мравка не би згазнала, а умре во најтешки маки…“ – потресни зборови на мајката на младата Ноа

Боба Миливојев, мајка на убиената тиктокерка Ноа Миливојев (18) од Србија, навела дека ја убило нејзиното момче Огњен Д. (33).

„Со тажно срце ве известувам…. Ова е ужас за сите нас, многу сме ужаснати. Нашата Ноа умре во најлоши маки.

Сѐ уште не се знае вистинската причина зошто убиецот тоа го направи“, изјавила скршената мајка за српските медиуми.

Таа бара убиецот на Ноа најостро да се казни, па упатила и апел до надлежните органи на Србија за повторно воведување на смртната казна.

„Сакаме правда за нашето дете! Те сакаме Ноа. Твојот татко, мајка, брат и сестричка“, навела таа.

Нејзиното семејство се противело на љубовната врска на Ноа со Огњен поради сознанија дека ја злоставувал.

„Тој ја тепаше мојата Ноа. Ја кубеше за коса, а таа беше дете кое на мравка не би згазнало. Добро дете, заврши училиште, никому не му наштетила во животот.

Ние не бевме за нивната љубовна врска затоа што тој е манијак и психопат. Моето дете почина во најтешки маки. Очекуваме монструмот да добие најостра казна“, изјавила мајката на Ноа.

Осомничениот Огњен Д. Во полицијата тврдел дека не се сеќава како ја убил ниту кога деловите од нејзиното тело ги исекол и ги ставил во ќеси. Од МУП соопштиле дека деловите од телото на Ноа ќе бидат испратени на ДНК анализа.

Инаку, Огњен Д., денеска бил сослушан во Вишото јавно обвинителство во Белград, каде со молчење го остварил правото да се брани. Обвинителот предложил да му се одреди притвор.

Ноа Миливојев е трансродова личност, родена во Ковиле кај Нови Сад. На нејзиниот профил на социјалните мрежи, најмногу на ТикТок, ја следеа голем број луѓе со кои споделуваше детали од својот живот. Нејзиното безживотно тело беше пронајдено во стан во центарот на Белград.  

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде