Синоќа имало масовна тепачка во сараевската населба Алипашино Поле.
Тепачка настанала пред кафуле, пренесува Кликс.
Според неофицијални информации од медиумите во Босна и Херцеговина, две лица се избодени со нож.
„Види го моето дете, еве го моето дете“, извикуваше едно вознемирено лице, пренесе Аваз.
Од Оперативниот центар на Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево за Кликс потврдија дека на местото на настанот се испратени полициски патроли поради нарушување на јавниот ред и мир.
Но, немаа информации за повредени.