Благоја Милевски повеќе нема да биде селектор на фудбалската репрезентацијата, неофицијално дознава порталот „Спорт1“.
На последниот натпревар под водство на Милевски, македонската фудбалска репрезентација доживеа историски дебакл од Англија со 0:7, а по тој пораз јавноста жестоко го критикуваше Милевски и бараше негова оставка.
Милевски порача дека сака да ја води и понатаму репрезентација, но изгледа дела луѓето во федерацијата одлучиле дека е време за промена.
„Членови на раководството на ФФМ на Милевски му ја соопштиле одлуката дека повеќе не е кормилар на националниот тим,
но потврда за смената се очекува да има до крајот на оваа недела, за кога е закажан состанок на Управниот одбор на куќата на фудбалот“, пишува „Спорт1“.
Под водство на Милевски, Македонија играше мундијалски бараж во Палермо, но од тој натпревар па наваму резултатите и играта на репрезентацијата не беа за пофалба.