Македонскиот ракомет, но и воопшто македонскиот спорт утрово го погоди голема трагедија откако починал младиот 19-годишен ракометар на РК Аеродром, Андреј Петрески.
Од најрана возраст Петрески беше член на на РК Аеродром и играше на позицијата лево крило.
Петрески беше дел и од поширокиот список на кадетската репрезентација на Македонија пред настапот на Свсетското првенство.
Најблискиот последниот поздрав за Петрески ќе го испратат денес во 12:30 часот на градските гробишта во Бутел.
Дел од останатите ракометни клубови во земјава преку објави на социјалните мрежи се простуваат од младиот ракометар.