Најнова анкета на ИРИ: Паѓа рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ и Левица!

Според анкетата на ИРИ доколку во недела има избори, најголем број гласови би зела ВМРО ДПМНЕ односно само 19 отсто,

но тоа не е ни милимитер повеќе од ланската анкета, односно за 1 процент е помалку од анкетата која била спроведена за време на локалните избори во 2021, објави Центар.мк

Според останатите податоци втора партија е СДСМ со 11 проценти

трета е ДуИ со 8 отсто односно пораснала за 1 отсто.

БЕСА останала со истиот рејтинг од 4 отсто, додека Левица паднала од 6 на 4%.

16 отсто нема да гласаат, 18 отсто не се одлучени за кого ќе гласаат, додека 5 отсто одбиле да одговорат.

Анкетата на ИРИ е спроведена од 8 април до 4 мај 2023, а беше анкетиран национално репрезентативен примерок од 1,204 испитаници, на возраст од 18 и повеќе години.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде