На 75-годишна возраст почина сценографот Живојин Трајановиќ.
Тој речиси целиот свој работен век го поминал работејќи како сценограф на Македонската опера и балет. Но, исто така работел и на бројни културни манифестации и телевизиски проекти.
Живојин Трајановиќ е роден 1948 година во с. Табановце – Куманово, Македонија. Во 1968 г. се запишал на Филозофскиот факултет во Белград, на отсек историја на уметноста – група
музеологија, а во 1972 година се запишува на Академијата за применетата уметност, отсек сценографија, во Софија каде што дипломирал во 1976 година.
По дипломирањето, од 1977 г. работи во Македонската радиотелевизија и во текот на двегодишното работење има реализирано над 60 проекти, сценографии и костимографии од различни жанрови.
Од 1978 година работи во Македонскиот народен театар – Опера, како сценограф. Во текот на изминатите години има реализирано повеќе оперски, балетски и драмски претстави.
Со своите сценографски трудови учествувал на повеќе републички, државни и меѓународни изложби.