Верувале или не, Али Ахмети е најпопуларен политичар во Македонија!

Али Ахмети со 6 проценти поддршка е најпопуларен политичар во Македонија според ИРИ.

Потоа следуваат Никола Груевски и Христијан Мицкоски со по 5 проценти, додека Димитар Ковачевски се со 4 односно 3 проценти поддршка.

Билал Касами има 3 отсто поддршка, додека Зијадин Села 1%.

Но најинтересно е што дури 42 отсто од граѓаните не даваат поддршка никому.

Анкетата на ИРИ е спроведена во име на  Центарот за анкетни истражувања од Брима, фирма за истражување на пазарот (членка на групацијата КАНТАР).

Податоците се собрани од 8 април до 4 мај 2023, со метод на повеќестепен стратификуван примерок преку интервјуа лице-во-лице во домовите на испитаниците.

Беше анкетиран национално репрезентативен на примерокот од 1,204 испитаници, на возраст од 18 и повеќе години. Податоците се пондерирани според возраста, полот, регионот, населеното урбано/рурално место и етничката припадност.

Маргината на грешка за целиот примерок не е над ± 2.8 поени со ниво на доверба од 95%. Стапката на одговор е 74%, велат од ИРИ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде