Нина Нинковиќ од Нови Сад постави прекрасен пример за помладите генерации.
Таа продаваше крофни за да собере пари за лекувањето на татко си, а сега неколку дечиња од Гевгелија се инспирираа од нејзината идеја.
На свои штандови тие продаваат крофни, колачи и лимонада, а собраните средства ќе ги донираат за лекувањето на сограѓанката Луна.
Поради асфикција на мозокот при пораѓај Луна Поп Костова се здобила со дијагнозата „Спастична церебрална парализа – квадриплегија“.
Таа веќе година и пол се бори со сколиоза во последен стадиум и потребна ѝ е итна операција во Турција.
Марија Митрова, девојчето кое прави и продава крофни во Гевгелија, рекла: „Јас морам да соберам пари за нашата Луна да биде покрај нас, да не ѝ згасне животот“.
Броеви за донации:
А1: 143 – 478
Телеком: 143 – 103