На социјалните мрежи вечерва се појави информација за исчезнато девојче од село Пешталево, општина Долнени.
Како што стои во повикот за помош, се работи за 15-годишната Ана Марија Ѓореска која се води за исчезната од вчера околу 19ч. кога последен пат била видена кај автобуска постојка во село Ропотово.
Полицијата е веќе запознаена со случајот и е во потрага по девојчето.
Апелот на социјалните мрежи е споделен од Светлана Јованоска, која пишува дека девојчето во последно време било многу затворено и не комуницирало со луѓе.
Нема ни траг ни глас од неа од вчера вецерта околѕ 19ч. Полициска екипа е во потрага по Ана Марија Гореска. Последен пат била видена на постојка Ропотово чекала превоз нее видена со што возило е тргната и каде.
Доколку некој ја препознае и виде ве молиме известете не девојцето е од село Песталево Ропотово однапред ќе ви се заблагодарам доколку примиме убави вести 15годишна возраст е малолетничка не комуницира со луѓе последно време е многу затворена, стои во објавата на Фејсбук.
Објавата можете да ја погледнете ТУКА