На пензионер не му било дозволено да влезе во Пензиско по шорцеви, па си купил фустан

Пензионер од Мостар со шорцеви почнал да влегува во зградата на Сојузниот завод за пензиско и инвалидско осигурување кога го запрел портирот.

Господине, не можете да влезете, не сте облечени како што треба – рекол портирот во Мостар.

Тој сепак успеал да влезе во зградата при вториот обид.

Пензионерот за хрватскиот портал 24 сата изјавил дека се вратил во малку поинакво издание, поради што станал вистински хит на социјалните мрежи.

Отидов во првата продавница и купив фустан. Се вратив во зградата и го прашав дали можам да влезам сега. Ме погледна и рече дека можам – со насмевка раскажа пензионерот од Мостар.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде