Најнова вест: Пожар во архивата на Основен суд Куманово

Ноќеска, час и половина по полноќ, настанал пожар во подрумските простории на Основниот суд Куманово каде се наоѓа архивата, известува Регионалниот центар за управување со кризи (ЦУК).

Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од Куманово интервенирале со две противпожарни возила, а во гаснењето на пожарот учествувале седум пожарникари.

„Пожарникарите од ТППЕ Кумнаво од 01:35 часот интервенираа на опожарени подрумски простории во зградата на Основен суд во Куманово, каде што се наоѓа архива на Судот.

Во гаснењето на пожарот интервенирале седум пожарникари со две противпожарни возила.

Пожарот е локализиран, но една екипа од ТППЕ Куманово се уште е на терен“,информираат од ЦУК Куманово.

Причините за пожарот се уште се непознати.

Фото: https://kumanovskimuabeti.mk/

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде