ПАДНА ОДЛУКА: Државата на Верушевски треба да му исплати голема сума на пари

Државата на Зоран Верушевски треба да му ја исплати по пет илјади денари за секој од 344 дена поминати во притвор во 2015 година за предметот „Пуч“, откако Врховниот суд делумно го усвои неговото барање за ревизија на надоместокот на нематеријална штета за неоснованото лишување од слобода и нарушениот углед и чест.

– Се задолжува тужениот Република Северна Македонија на тужителот Зоран Верушевски, на име нематеријална штета за претрпени душевни болки поради повреда на личните права – чест, углед и слобода поради неоправдано лишување од слобода – притвор, да му исплати паричен надоместок во износ од 1.720.000 денари,

со законска казнена камата во висината на референтната стапка на НБ на РСМ што за секое полугодие важела на последниот ден од полугодието што му претходело на тековното полугодие зголемена за осум процентни поени, сметано од денот на пресудувањето – 26.05.2021 година, до конечната исплата, во рок од 15 дена по приемот на пресудата, се вели во пресудата на Врховнио суд објавена на 3 јули годинава.

Врховниот суд, исто така, го одбива како неосновано, барањето на Верушевски за надомест на нематеријална штета за претрпени душевни болки поради повреда на личните права – чест, углед и слобода поради неоправдано лишување од слобода – притвор,

за разликата од досудениот износ од 1.720.000 денари, до износот од 2.580.000 денари, со законска казнена камата сметано од 26.05.2021 година, досуден со првостепената пресуда.

Државата, исто така, се задолжува на Верушевски да му ги надомести парничните трошоци во постапката во вкупен износ од 227.642 денари.

Во пресудата, Врховниот суд го одвива ако неосновано, поголемото тужбено барање на Верушевски за надомест на разликата од досудениот износ до побараниот износ од 4.104.000 денари.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде