На денешната седница на Совет на која советниците одлучуваа по 20-тина точки,
голема дискусија се одвиваше за тоа дали оваа година ќе се одржи фестивалот на скарата и пивото во Прилеп, “Пиво Фест”, пренесува Маркукуле.
Советниците од опозицијата бараа парите предвидени од буџетот на општината за фестивалот (1 милион денари), да се прераспределат за спорт и рекреација,
но по пауза на говорницта се појави градоначалникот на општина Прилеп, кој информираше дека фестивалот не се откажува, туку се одложува за крајот на август.
Според Јовчески, 20-то јубилејно издание ќе се одржи од 31.08 до 03.09, што значи дека јавноста наскоро ќе дознае повеќе детали.
Извор: Маркукуле