Силен земјотрес ја стресе Србија

Српскиот град Крагујевац, вечерва го погоди силен земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала.

Апарати на Сеизмолошкиот завод на Србија го регистрирале во 17:25 часот.

Исплашени граѓани на социјалните мрежи споделуваат дека почувствувале силно тресење.

Имало и втор потрес кој бил со јачина од 2,3 степени.

„Многу се тресеше“, „Подот се затресе, а звучеше како бомба да пукна“, „Двапати имаше силен удар“ – ова се дел од коментарите на преплашените граѓани на интернет.

Засега нема информации за материјална штета.

Да потсетиме, силен земјотрес денеска во 18:28 часот ја погоди и БиХ. Краток, но силен потрес е почувствуван во Мостар, но и во остатокот од Херцеговина, јавува ЕМСЦ.

Според првичните информации, земјотресот бил со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот се уште не е познат.

Земјотресот е особено почувствуван во областа на Мостар, Меѓугорје, Груд, Пошушје, Чапљина, Широки Бријег, Макарска и Плоче.

Жителите од областа околу епицентарот пишуваат дека ударот бил силен и дека тресењето траело доста долго.

„Овој добро не стресе“, „Добро се затресе, се слушна“, „Одеднаш се стресе, без предупредување“, се само дел од коментарите на граѓаните под објавата на ЕМСЦ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде