ТАЖНА ВЕСТ! Уште една ТРАГЕДИЈА во семејството на Дарко Радовановиќ!

Пејачот загина во несреќа пред 12 години, а неодамна неговото семејство загуби уште еден член!

Пејачот Дарко Радовановиќ загина пред 12 години во сообраќајна несреќа, а тагата и болката за популарниот пејач не престанува.

Неговата колешка Ивана Селаков, со која Дарко имаше дует, гостуваше во емисијата „Премиер – викенд специјал“, и откри дека неговото семејство го снајде уште една трагедија.

Имавме планови да пееме заедно, да настапуваме, тој имаше планови за сериозни концерти, за жал беше прекратка дружба. Тоа беше најтрауматичното искуство за мене.

Мислам дека тој човек можеше да направи многу, многу повеќе работи. Неодамна ѝ се јавив на неговата мајка да изразам сочувство, бидејќи слушнав дека таткото на Дарко починал, откри Ивана.

Да потсетиме, на 11 јуни 2011 година животот го загубија Дарко Радовановиќ и неговиот менаџер Александар Милошевиќ.

Несреќата се случила во моментот кога возачот на караванот „мерцедес“ на околу два километри после мостот Остружница почнал да го престигнува камионот, влегувајќи во коловозната лента во која се движеле Милошевиќ и Радовановиќ. Милошевиќ го управувал автомобилот, а пејачот седел на совозачкото седиште.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде