Силен татнеж вечерва ги запрепасти жителите на северозападна Бугарија.
На социјалната мрежа се појавија десетици објави во кои луѓето разговараат за она што го слушнале.
Некои сведочат и за силна светлина.
Неколку минути пред 22 часот се слушна татнеж на територијата на Видинско, соопшти МВР.
На терен веднаш се испратени екипи на ОДМВР на Видин, кои извршиле увид.
На лице место нема извештаи за повредени или материјална штета.
Според властите се работи за метеорит кој експлодирал во воздух.
Видеото можете да го погледнете ТУКА