Bo Maкедонија пекол, а делови од Балканот погодени од силно невреме

12.07.2023. Zagreb - Iznenadno nevrijeme u srijedu ujutro pogodilo je grad. Zagrebacki vatrogasci u samo sat vremena imali su 11 intervencija uklanjanja stabla. Photo: Igor Kralj/PIXSELL

Кратко, но силно невреме го зафати Загреб за само неколку минути, a пожарникарите мораа да работат со часови поради паднати дрвја, огради и уништени автомобили.

Како што информираат од N1 Загреб, пожарникарите имале дури 11 интервенции за еден час бидејќи имало скршени дрвја во Горњи Град, Максимир, Медвешчак, Медведница, Сопот, Трње и во Центар.

Имало и уништени автомобили, за среќа во моментот кога дрвото паднало врз нив, биле празни.

Додека пожарникарите имаа бројни задачи на терен, загрепчани кои користат јавен превоз имаа бројни проблеми бидејќи голем број трамвајски линии беа пренасочени поради дрвјата кои паднаа на шините.

Да потсетиме, невремето се движи од подрачјето на Словенија кон подрачјето на Хрватска, каде што во следните часови би требало да се очекува локално поизразени врнежи пропратени со грмежи, повремено засилен ветер, а не се исклучува можноста за појава на град.

Сè уште е на сила предупредувањето за топлотен бран, кој ќе продолжи долж Јадранот до крајот на неделата.

Извор: N1info.rs

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде