Петнаесетгодишнниот Фазли исчезнал вчера во скопската населба, Чаир.
Момчето последен пат било видено од семејството околу 16 часот вчера напладне, а во моментот на исчезнувањето носело црни фармерки и портокалова маица.
Блиските на момчето за „Макфакс“ велат дека вчера му бил исклучен телефонот, а утрово околу 9 часот повторно му бил вклучен, но не успеале да остварат контакт со него.
Еден час подоцна, односно околу 10 часот утрово, велат роднините, добиле дојава дека Фазли бил виден во џамија во Долно Коњаре, но се’ уште не успеале да го пронајдат.
Блиските на момчето оставија и телефон за контакт за сите оние кои имаат информации што се случило со момчето.
„Од вчера во 16:00 часот ова момче го нема, се вика Фазли Фатлиу има 15 години, носи портокалова маица и црни фармерки!
Ве молиме да не информирате доколку сте го виделе некаде, контакт: 071 289 129“, велат роднините.