Според информациите од МВР за „Макфакс“, 15-годишната тинејџерка била најдена на територијата на Битола и веќе е со своите родители.
Синоќа на социјалните мрежи, роднините на девојчето бараа помош за нејзино пронаоѓање.
Пишуваа дека последен пат била видена на постојка Ропотово додека чекала превоз.
„Нема ни траг ни глас од неа од вчера вецерта околѕ 19ч. Полициска екипа е во потрага по Ана Марија Гореска. Последен пат била видена на постојка Ропотово чекала превоз нее видена со што возило е тргната и каде.
Доколку некој ја препознае и виде ве молиме известете не девојцето е од село Песталево Ропотово однапред ќе ви се заблагодарам доколку примиме убави вести 15годишна возраст е малолетничка не комуницира со луѓе последно време е многу затворена, стоеше во апелот за помош објавен на Фејсбук.