Пристигна убава вест: Пронајдено 15-годишното момче од Чаир

Во Куманово е пронајдено 15-годишното момче, кое беше пријавено за исчезнато. Момчето е од скопската населба Чаир, а неговите родители го бараа од вчера.

„Денеска (12.07.2023) во 14.45 часот во Куманово, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Центар и Бит пазар – Потраги го

пронашле Ф.Ф.(15) од Скопје за кој во 02.00 часот во Полициската станица Бит Пазар неговиот татко Л.Ф. пријави дека се оддалечил од домот“ соопштија од МВР.

Малолетникот ќе биде предаден на родителите.

Семејството од вчера го бараше момчето и оставија и телефон за контакт за сите оние што имаат информации што се случило со момчето.

„Од вчера, во 16 часот, ова момче го нема, се вика Фазли Фатлиу, има 15 години, носи портокалова маица и црни фармерки! Ве молиме да нè информирате доколку сте го виделе некаде, контакт: 071 289 129“.

Случајот беше пријавен и во МВР.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде