Александар Инфомакс објави „бомба“: Преку МИЛИЈАРДА денари подарени од “вмровските” градоначалници на фирми блиски до Мицкоски!

Фејсбук статус на Александар Митовски, уредникот на Инфомакс:

Преку 1.026.300.000 денари (милијарда дваесет и шест милиони и триста илјади денари) за една година потрошиле општините на тендери за компании блиски до нивната политичка партија.

Има милионски тендери во евра потрошени на фирми блиски до највисокото раководство на партијата.

Целата оваа милијарда денари за една година се распоредени во 4-5 фирми од Македонија, и една од Косово.

Ќе читате на Инфомакс, многу наскоро, напиша Митовски на Фејсбук.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде