Голем пожар денеска околу пладне избувнал во Далмација во шибеничко-книнската жупанија.
Силниот ветер го отежнува гаснењето, и покрај тоа што на терен се распоредени 56 пожарникари со 20 возила, а според информациите од Жупанискиот центар 112, во гаснењето на пожарот се вклучени и три канадери.
Според командантот на Јавната противпожарна бригада на Шибеник, Волимир Милошевиќ, пожарот ни приближно не е ставен под контрола или локализиран.
-Имаме објекти кои се во непосредна опасност, и таму се распоредени пожарникари.
Струјата е исклучена. Полицијата на терен го регулира сообраќајот на дел од Јадранската магистрала и сите пристапни патишта се затворени“, изјави Милошевиќ за Хина.
Тој нагласи дека е побарана и помош од воздухопловните сили, а како што истакна, се бранат и куќите во Горњи Бановци.
– Пожарот се шири доста брзо, носен од силен ветер од јужен правец – изјави за Далмација Данас жупанскиот началник на противпожарната служба Дарко Дукиќ.
– Горат шума и ниски грмушки, но ова е веќе изгорена површина, па шумата не е густа – велат очевидци од теренот.