Земјотрес стресе делови на Србија

Земјотресот синоќа го погоди Младеновац.

Според веб-страницата на Сеизмолошкиот завод на Србија, бил со јачина од 2,3 степени според Рихтеровата скала.

Потресот бил на длабочина од 10 километри, а тлото се затресело околу полноќ, објавија српските медиуми.

Тлото во Србија изминативе денови секојдневно се тресе.

Претходната вечер земјотреси ги погодија Крушевац, Крагуевац и Косовска Митровица.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде