Објавени детали за цистерната која утрово се запали кај Струмица

Цистерната што утрово се запали на патот Струмица – Радовиш превезувала 20 тони нафта.

Според информациите од Центарот за управување со кризи, во пожарот бил зафатен задниот дел на камионот, кај гумата.

До опожарувањето дошло на 1 километар од селото Владиевци на патниот правец Струмица – Радовиш, на терен излегле 6 пожарникари и 2 противпожарни возила, а четворица полицајци вршеле контрола на сообраќајот.

Нафтата ќе биде префрлена во друга цистерна и пренесена до крајната дестинација.

Патот веќе е прооден за возила.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде