Тага во регионот по ненадејната смрт на 16-годишното девојче, кое почина на Халкидики, откако претрпе алергиски шок.
Според мајката на несреќната тинејџерка, таа била во Ханиоти со пријателите на одмор.
Тие излегле на забава во вторникот вечерта, а потоа биле да јадат во локалниот ресторан за брза храна во раните утрински часови во средата.
“Ќерка ми јадела хот-дог, но е алергична на млечни производи и отсекогаш била внимателна кога јадела надвор. Не знам точно што се случило, и дали има нешто млечно во тоа што јадела”, рекла мајката.
Таа додала дека девојката колабирала откако го изела хот-догот.
Една од нејзините пријатели веднаш истрчала во собата каде што престојувале да и донесат лекови, а во исто време повикале брза помош.
Меѓутоа, според мајката на жртвата, помошта пристигнала по 45 минути, кога веќе било доцна.
„Од првите докази изгледа дека моето девојче доживеа алергиски шок и почина. Таа беше најубавото дете и почина на 16 години без помош. Два пати се обидоа да ја вратат, но не успеаја“, рече мајката.
Неутешената жена додала дека не знае зошто ѝ требало толку време на итната помош да пристигнат на местото на настанот.
Беше пет часот наутро, немаше метеж“, истакна таа.
„Прототема“ пишува дека 16-годишната девојка во изминатите неколку години примала лекови затоа што страдала од епилептични напади.
Таа денеска ќе биде погребана во родното место, додека се чекаат резултатите од обдукцијата.