Вчера во 05.10 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека кај брана Калиманци патничко возило „фиат браво“ со штипски регистарски ознаки,
управувано од 23-годишниот В.С. од село Косевица, општина Македонска Каменица, излетало од коловозот, извести МВР.
– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од Македонска Каменица, констатирани во Медицинскиот центар Штип,
а со телесни повреди се здобил возачот и уште еден сопатник А.С.(19) од с.Луковица, општина Македонска Каменица, констатирани во Општата болница Кочани, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Делчево.