ФОТО: Орхан Бајрами – Оки бил во апартман кој се плаќа 600 евра на ден

Требало да се отчекираат денеска во 12 часот и убијците тоа со сигурност го знаеле,

објави грчкиот ТВ Канал АНТ 1 повикувајќи се на полициски извори за убиството на македонскиот државјанин Орхан Бајрами-Оки кое ноќеска се случи во Ханиоти.

Во нападот е повреден уште еден македонски државјанин, а на егзекуцијата присуствувал уште еден пријател на убиениот.

Од МНР соопштија дека од полицијата во Солун, македонската амбасада добила потврда дека „во Сани Вилас, Ханиоти двајца маскирани лица отвориле оган врз двајца државјани на Северна Македонија.“

Сани Вилас е ексклузивно и скапо место за престој покрај Егејското Море, а според податоците на Букинг за 5-дневно сместување во апартман во овој ресорт за двајца возрасни треба да се плати 3.050 евра односно 600 евра на ден, покажуваат проверките на веб сајтовите за букирање апартмани.

Според информациите на Aмбасадатa на Македонија, на местото на настанот моментално се наоѓаат повеќе тимови на грчката полиција и работат на расчистување на околностите на настанот.

Фото: Sunny Villas Resort and Spa

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде