Граѓани спасавале жена, Брзата помош поради големата гужва не можела да помине: Драма на плажа во Сплит

Хрватските медиуми јавуваат за стравична сцена на плажа во Сплит каде што Брза помош едвај се пробивала до морето за да реанимираат жена која капачите ја извлекле од море.

„Слободна Далмација” пренесува изјава на жена која била на плажата со семејството и децата кога забележале дека жена плута во водата.

Ја извлекле жената, ја реанимирале и повикале брза помош, истовремено повикувајќи спасувачи, кои вели, ги нема на плажата.

Но, уште поголем проблем направиле таксистите кои со другите автомобили буквално ја окупирале плажата и го оневозможиле пристапот на возилото на Брза помош.

За среќа граѓаните во меѓувреме успеале да ја реанимираат жената.

Граѓаните обвинуваат дека местото на кое е забрането паркирање е претворено во диво такси паркиралиште и без оглед што добиваат казни, велат граѓаните, се чини дека таквите симболични казни не им се проблем – заработуваат доволно па им се исплаќа да плаќаат казни.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде