Фејсбук статус на Симона Донеска:
Општеството во кое депресијата се лечи со Б6!
Два месеци пред породување-бебето е карлично, ќе мора царски. Океј. Одиш дома, се распрашуваш, гуглаш, бараш вежби и начини да се сврти. Со стомак до заби се прчиш и превртуваш за да му помогнеш да се сврти, ама не бива.
Деветти месец-ти кажуваат дефинитивно мора царски. Почнува чувство на вина.
– Не сум мајка.
– Каква жена сум јас ако не родам природно.
Одиш на царски.
Спинална.
Слушаш све, свесен си. Си ги гледаш нозете, ама не ги осеќаш. Те преплавува страв. Паничен напад. Слушаш сестрите зборат.
– Океј, се покачува притисокот. Ти даваат инфузија.
– Те смируваат
Ама не, телото се треси. Раѓаш.
Одиш во соба.
Цела вечер врескаш од болки зашто раната (сечени седум слоја) боли Бог знае само колку. (не сте свесни).
Прв ден – ти го носат бебето. Боли не боли,тоа е,мораш да станеш од кревет да го земеш.
Го гледаш, те гледа и тоа тебе.
Љубовта на прв поглед која ти кажале дека ке ја осетиш, не ја осекаш веднаш и почнува психата да работи.
Станувањето после царски е жив пекол.
Те боли секоја коска.
Одиш дома и тука почнува голгота.
Доиш, не доиш. Имаш млеко, немаш млеко.
Ако дадеш АД не си добра мајка, рандом луѓе Те прашуваат дали доиш.
Ако доиш, млекото ти е слабо или бебе не знае да фати. Одиш на контрола, бебето не напреднало. Психата полудува. Хормоните вријат. Панични Те убиваат. Луѓе од сите страни. Бебе плаче, плачеш и ти. Се шеташ низ дома со пумпа и се осекаш како подвижна млекара, т.е како све, само како жена не.
Бледа си, немаш сила. Се движиш ко инвалид. Едвај.
Немаш млеко. Се обвинуваш. Се’ повеќе и повеќе.
Имаш млеко, ама бебе упорно плаче, гладно е, не ти е млекото хранливо.
Не спиеш. Хормони лудуваат.
Одиш на психијатар, ти вели дека состојбата не ти е добра и мора терапија.
Ауу боже сачувај. Во оваа земја, не иде у обзир. Не може терапија.
Мораш да доиш. Доиш, бебе цица, а ти си жив мртовец, на дното, на работ.
Луѓе-Ве молам, ама стварно! Постпородилната депресија не е играчка. Толку е страшна, не сте свесни и не сакате да знаете и недај боже да ви се деси.
Не е играчка и не поминува со Б6-че.
И Ве молам објаснувајте им на жените дека „љубовта на прв поглед е сосема во ред ако не се случи веднаш“ и дека првиот месец може да е стварно жив пекол и тоа е сосема нормално.
Ова ви го кажува мајка која се избори со Постпородилна депресија, во моментот кога сфати среќна мајка-среќно бебе.
Фото: Фејсбук