Нови детали: Бајрами го следеле од дома, знаел дека има налог за негово убиство!

Полицијата трага по „платените“ убијци на 39-годишниот сопственик на казино од Македонија, кој ладнокрвно го егзекутирале во викендица што ја изнајмил на Халкидики.

Според упатени извори во истрагата се упатува на нарачана ликвидација, oбјави Инфомакс.

Изворот вели дека и сторителите се “увезени’ односно дека станува збор за странски државјани.

Се сомневаат дека станува због исто така за македонски државјани бидејќи според она што досега се знае, се чини дека убијците ја следеле својата жртва од неговото родно место до областа Ханиоти на Халкидики.

Според непотврдени информации, 39-годишникот заедно со соработник се обидувал да се сокрие од своите убијци, токму во Грција, бидејќи знаел дека за него има нарачка да го ликвидираат.

Бидејќи пред неколку недели, според информациите на полицијата од властите на Македонија, уште еден негов соработник бил убиен во нивната земја на потекло, пишуваат грчките медиуми.

Изгледа дека двајцата сторители добро ги проучувале нивните движења. Тие се качиле на мотор, се приближиле до изнајмената куќа и почнале да пукаат во нив. Испукале над 20 куршуми.

39-годишникот паднал мртов на лице место, додека неговиот 45-годишен партнер е повреден и е хоспитализиран во тешка состојба. Лекарите во моментов неможат со сигурност да кажат дали ја избегнал опасноста.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Извор: Инфомакс

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде