На патот Радовиш – Струмица се судриле полициска шкода и хонда од Бугарија. Повредени се вкупно четири лица.
Во СВР Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Радовиш – Струмица се случила сообраќајна незгода помеѓу
патничко возило шкода октавија сопственост на МВР и патничко возило хонда со бугарски национални ознаки, управувано од С.Р.С.(36) од Бугарија.
Во незгодата со телесни повреди се здобиле еден полициски службеник и тројца сопатници во возилото хонда од Република Бугарија, констатирани во Медицински центар Струмица.
Увид извршила екипа на СВР Струмица“, велат од МВР.