Нов ценовен шок им се заканува на околу 50 илјади домаќинстава што се греат на пелети.
Владините најави за скок на ДДВто од 5 на 18%, петкратно го зголеми интересот на граѓаните да купат поевтино, пред да се усвојат законските измени.
Изминатите 3 дена, увозниците велат дека телефоните за нарачки не престануваат да ѕвонат, што е нормало, бидејќи загревањето им зафаќа сериозна ставка во семејниот буџет.
Затоа од Здружението на производители и увозници на пелети апелираат – носењето на овој закон со европско знаменце да се стопира, бидејќи не е луксузно добро, туку нешто што мора да се користи за загревање и владата до сега го стимулирала со субвеции.
– Тоа е серизна бројка, од 45 до 50 илајди домаќинства, пандан на 60,000 кои се греат на парно. Граѓаните се исплашени, не сакаат да платат повисока цена, што е е нормално.
Ние сега, кога имаме стабилизирање на цената во регионот, имаме нов удар од државата, каде граѓаните треба да платат дополнително.
Плус се ставени во нерамнопрана положба, затоа што за грењето на парно се плаќа 5% ДДВ, а за дрва и пелети 18% данок, изјави Владимир Стојановски, претседател на Здружение на производители и увозници на пелети Биомак Енерџи.
Од здружението побарале средба со пратениците, да ги образложат своите аргументи пред да се изгласаат измените. Ако се усвојат, ќе значат сериозне удар врз стандардот на граѓаните.
– Едно домаќинство во просек користи околу 3 тона пелети за цела грејна сезона, што во пари значи околу 57,58 илјади денари годишно. Само ако се зголеми ДДВ од 5 на 18% ќе значи плус 100 евра, додава Стојановски.
Ставот на министерот за финансии за промена на даночната основа е дека мора да се натераат граѓаните да инвестираат во обновливи извори, кои не ја загадуваат животната средина.
Инаку досега токму владата со субвенции ги стимулираше домаќинствата да го сменат начинот на затоплување, однсно да стават котли и печки на пелети.
Извор: Сител телевизија