Непознати лица на Халкидики испукале десетици куршуми, кон добро познал лик од скопското подземје и бизнисмен кој е сопственик на казиното во Македонија и ранил уште еден негов пријател, пренесуваат грчките медиуми.
Грчките медиуми посочуваат дека се работи за нарачано убиство посочувајќи го убиството од пред неколку месеци во Шиша бар.
Инцидентот се случил во областа Ханиоти на Халкидики во Сани бич.
Непознато лице се јавило на 112 и пријавило дека бара интервенција на полицијата . Кога полицијата и патролното возило пристигнал на лице место, виделе дека напаѓачите испукале повеќе од 20 куршуми.
Двајцата мажи биле пренесени во Здравствениот дом Касандра Халкидики каде било констатирано дека едно од лицата кое добро познато за македонската полиција починало на лице место, додека вториот маж е повреден.
Целиот текст прочитајте го ТУКА
Извор: Инфомакс