Камион „покоси“ патнички автомобил – пожарникарите мораа да вадат БЕЗЖИВОТНИ тела! Пет лица загинаа во страотна сообраќајка кај Солун

Пет лица загинаа во несреќа во Грција, кога се судриле автомобил и камион.

Несреќата се случила на патот Лерин-Солун, кога под се уште неразјаснети околности возило директно се судрило со камион,

при што загинале сите пет патници во возилото, пишува Прототема.

Според извештаите, автомобилот завршил под камионот, а од силината на ударот бил целосно уништен.

Пожарникарите морале да ги извлечат телата од автомобилот, додека возачот на камионот е полесно повреден и се наоѓа во болница, надвор од животна опасност.

Според досегашните информации, сопатниците во возилото биле странци, но идентификацијата на нивните податоци се уште не е завршена.

Се наведува дека автомобилот во кој се наоѓале бил со регистерски таблички од Албанија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде