Фото и видео: Силниот ветер корнеше дрвја, летаа кровови, делови од сообраќајот во колапс – силно невреме во Скопје

По Куманово и Крива Паланка и источниот дел од Скопје и населбите од скопската котлина Илинден и Драчево се зафатени од невреме. Пороен дожд проследен со град и ветар започна попладнево.

Во скопските општини Чаир и Гази Баба има и паднати поголеми гранки од дрвја. Во Бутел е вистински хаос – подвозниците се полни со вода и се непроодни.

Градоначалникот на Општина Центар предупреди граѓаните да внимаваат и да се јават на службите доколку имаат проблеми со невремето.

Исто така, на патниот правец Куманово – Кратово, граѓани јавуваат дека има одрони на коловозот и препорачуваат внимателно возење.

-По невремето што зафати дел од градските и приградските населби на град Скопје од страна на Е – 112 до РЦУК Скопје стигнаа 40 – тина меилови.

Триесетина од нив се однесуваа на паднати дрва на различни локации во градот кои го попречуваат движењето на граѓаните и одвивањето на сообраќајот, паднати бандери со струјни и телефонски кабли.

Сите меилови беа препратени до дежурниот во ЈП Паркови и Зеленило, диспечерскиот центар на ЕВН Македонија, А1, Телекабел и Телеком, информираат од Центарот за управување со кризи.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде