Има ли македонски туристи во Родос и дали побарале помош? Се огласија од МНР

Во големата и масовна евакуација на туристички места во источниот и југоисточниот дел на грчкиот остров Родос, засега,

според информациите на дописничката на МИА од Атина, меѓу туристите нема македонски државјани кои побарале помош од нашата амбасада во Атина.

Според информациите на МИА амбасадорката на Северна Македонија во Грција е во постојан контакт и со нашето МНР и со грчките надлежни органи.

„Амбасадата на Република Северна Македонија во Атина и Генералниот конзулат во Солун се во постојана комуникација со надлежните институции на Грција. Илјадници туристи во островот Родос се на безбедно место, но засега не може да се потврди државјанството на евакуираните лица.

Министерството за надворешни работи упатува апел да се избегнува туристичко или било какво друго патување во загрозените подрачја. Министерството за надворешни работи на Грција од денес во 17.00 часот ќе постави Help Desk на меѓународниот аеродром во Родос за да ја олесни соработката со странските амбасади и навременото заминување на туристите кои ги изгубиле личните документи.

За повеќе информации, на располагање се дежурните телефони на Амбасадата во Атина +306944743071 и Генералниот конзулат во Солун + 30 6987200410“, се вели во соопштението од МНР.

Во Министерството за надворешни работи на Грција од вчера е активирана Единицата за управување со кризи, а персонал од Министерството заминува на островот,

каде што од 17 часот попладнево на аеродромот на Родос ќе се отвори Help desk за, во соработка со амбасадите, да го олесни заминувањето од островот на странските државјани кои ги загубиле нивните патните исправи

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде