Како што беше и најавено од УХМР, попладнево делови од Македонија беа погодени со силно невреме.
Невремето моментално беснее во регионот на Кратово и Пробиштип.
Според првите фотографии и видеа од овие региони може да се забележи дека има невреме проследено со врнежи од град и силен ветер.
Последна информација од УХМР.
17:35 Нестабилното облачно јадро проследено со пороен дожд, град, електрични празнења и засилен ветер сега навлегува во подрачјето на Кочани и Виница и се движи понатаму кон југоисток и исток.
Уште една нестабилна облачна маса навлегува од територијата на Косово и се очекува да го зафати најисточниот дел на Скопската Котлина и Кумановското подрачје.