Најнова вест: Се сруши надвозник во грчки град, има жртви

People are seen at the site of a bridge that collapsed in Patras, Greece, July 23, 2023. Andreas Alexopoulos/Intime News via REUTERS ATTENTION EDITORS - THIS IMAGE HAS BEEN SUPPLIED BY A THIRD PARTY. NO RESALES. NO ARCHIVES. GREECE OUT. NO EDITORIAL SALES IN GREECE

Едно лице го загуби животот, а осум лица се повредени откако се урна мост, затворен за употреба и сообраќај во близина на грчкиот град Патра, јави дописничката на МИА од Атина.

Портпаролот на противпожарната служба на Грција, Василис Ватракојанис, информираше дека несреќата се случила кусо пред 13 часот по локално време,

а во спасувачката акција учествуваат 35 пожарникари со 12 возила, специјални спасувачки екипи со две кучиња и дронови, а на местото се и пет возила на брзата помош.

Соопшти дека едно лице загина, а во двете болници што се во околината се пренесени вкупно осум лица.

Паралелно Ватракојанис истакна дека од четвртокот на 20 јули конкретниот надвозник е целосно затворен и е забранет сообраќајот со цел да се за да се урне и одново да се изгради.

Засега непознати се причините за уривањето на дел од надвозникот, ниту е познато зошто луѓето биле под мостот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде